Радио Милева тежок период

„Злата Петровиќ во клиника за зависности – Пејачката проговори: „Вистина е“

„Злата Петровиќ во клиника за зависности – Пејачката проговори: „Вистина е“

Пејачката Злата Петровиќ неколкупати била видена во белградска клиника специјализирана за лекување на зависност, дознава „Информер“ од сигурни извори. Според нивниот соговорник од институцијата, иако поминува низ тежок период, Злата останала весела, насмеана и љубезна кон персоналот.

 – Злата е прекрасна личност. Секогаш ги поздравува сите, насмеана е и многу културна. Не знам дали има инсталирано блокатор за алкохол – секакви работи се зборуваат по ходниците. Слушнав и дека доаѓа на месечни прегледи – изјавил изворот за Информер.

Откако ја контактирале Злата Петровиќ, таа потврдила дека престојувала во гореспоменатата институција, но исклучиво како посетител, негирајќи ги тврдењата дека била подложена на некаков третман или дека ѝ е вграден блокатор.

– Точно е дека бев таму, но не за себе, туку за да посетам една пријателка од Виена. Неколку пати бев таму за да ѝ однесам некои работи. Не сум на лекување, немам блокатор и не одам на никакви прегледи, како што велат. Да имав проблем, отворено би го кажала – изјави Злата за Информер, додавајќи:

– Немам потреба да се правдам. Кога имам причина пијам, но тоа е на забави или прослави, но не консумирам алкохол редовно. Луѓето не ме виделе како се тетеравам низ градот. Ако ме виделе во клиниката – ме виделе, но како пријателка, а не како пациентка. Злата верува дека шпекулациите за нејзиниот наводен проблем со алкохолот биле поттикнати од коментарите на Ена Чолиќ во реалното шоу „Елита 8“.

– Веројатно сè започна со нејзините изјави во реалното шоу. Нека секој каже што сака, мене тоа не ме засега. Мене само ме интересира мојот син Јован да не се вознемири поради сето ова – истакнала Петровиќ за Информер.

Да потсетиме дека пејачот Дарко Лазиќ, кој отворено зборуваше за своето искуство и борба со пороците, претходно се лекувал во истата клиника.

Foto: print Screen/Instagram

To top