Ова лето, Охрид повторно ќе биде домаќин на еден од најочекуваните музички настани во земјата – традиционалниот избор на Песна на Летото, што ќе се одржи на 12 август на летната сцена на ИН Продукција, пред хотелот Престол со почеток во 21:00 часот.

Во натпреварувачката програма ќе настапат 20 нови фолк и поп хитови од македонската музичка сцена. Годинава, на сцената ќе блеснат едни од најголемите и највлијателни имиња, меѓу кои се и Анета Лумановска, Елена Велевска, како и многу други популарни изведувачи.

„Забавата е загарантирана, а добрата атмосфера веќе се подготвува! Настанот е бесплатен – влезници нема да се наплаќаат. Паркингот е исто така бесплатен.
Ваше е само да дојдете – за сè друго се погрижи тимот на ИН Продукција, порачуваат организаторите.







