Мегафон апел за помош

Поранешната мисица и модел Билјана Јаневска во хумана мисија: Да му помогнеме на Јовица

Поранешната мисица и модел Билјана Јаневска во хумана мисија: Да му помогнеме на Јовица
Поранешната мис и поранешна партиска функционерка, Билјана Јаневска, која во последно време ја препознаваме по хуманитарните ангажмани, деновиве, преку социјалните мрежи, ги повика сите хумани граѓани да помогнат во лекувањето на Јовица Блажевски.

„Започнувам кампања за Јовица Блажевски – Јоце и ги повикувам, односно, апелирам до сите хумани луѓе да собереме средства на телефонските броеви за донација: Телеком – 143 163 и A1 –143 461. Ајде, тука сме потребни!“, напишаа таа на социјалните мрежи.

Билјана апелира, освен поединци, да се вклучат и хуманитарните платформи за што побрзо се соберат 9.000 илјади евра, колку што се потребни за лекување на Јовица.

Јовица Блажевски – Јоце има 38 години и боледува од церебрална парализа, повреден во инкубатор. Го започнал лекувањето во Русија, со пресадување матични клетки и има виден напредок во неговите флексибилност и координација и сè уште го вежба балансот, односно сè уште ја вежба рамнотежата. Третманите на пресадување матични клетки се проследени со физикални вежби, масажи и вежби со роботика, кои видно ја подобруваат неговата состојба. Од неможноста да јаде сам, да седи и да оди, по неколкугодишни третмани и физикални вежби во клиниката „Неуровита“ во Москва, Русија, успева да оди со одалка неколку метри, со одмор, да јаде и да се облекува, како и да извршува поголем дел од обврските самостојно. Наредниот третман е закажан за септември 2025 година. Тој ќе трае 12 дена и чини 9.000 евра, а подразбира вбризгување матични клетки“, ќе раскаже поранешната мисица.

To top