Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведоа по девет години брак, а оваа информација ја потврди нејзиниот адвокат во изјава за „Билд“, a пренесува Блиц.рс
По шпекулациите за разводот на познатата двојка, адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, во соопштение изјави дека двојката се разведува поради „непомирливи разлики“.
Како што пренесува „Билд“, адвокатот нагласи дека нема да има повеќе официјални изјави и побара од јавноста да ја почитува приватноста на двојката и нивните деца.

Да потсетиме дека Ана и Бастијан Швајнштајгер поминаа девет години во брак.
Тие се венчаа во Венеција во 2016 година, а двојката се запозна во 2014 година, додека поранешниот германски репрезентативец сè уште играше за Баерн Минхен.
Според германските медиуми, Ана и Бастијан инвестирале во луксузни недвижности, па наводно поседуваат планинска куќа на Алпите, вила на Мајорка и јахта.
Наводно, вилата од 400 квадратни метри, сместена во Вестендорф, чинела околу 3,5 милиони евра. Во дворот има спортски терени, а куќата е уредена во минималистички стил со бели, беж и сиви тонови, пишуваат медиумите.

Ана Ивановиќ наводно ја купила вилата на Мајорка пред бракот, но ја реновирале заедно. Се вели дека вилата се наоѓа во Сон Вида, еден од најубавите и најмирните делови на Шпанија.
Имотот се простира на 950 м2, има пет спални соби, четири бањи, базен и тениски терени. Ана наводно инвестирала околу два милиони евра за реновирањето, додека за вилата платила 4,5 милиони евра. Имотот е речиси 6.000 м2, пишуваат германските медиуми.
Ана и Бастијан наводно поседуваат и луксузна јахта, која има две спални соби, бања и кујна и чинела околу 400.000 евра, објавуваат медиумите, а пренесува Блиц.
Инаку, Ана Ивановиќ има три деца со својот поранешен сопруг Бастијан Швајнштајгер, а за нивното воспитување зборуваше јавно.
Да потсетиме дека јавноста неодамна беше преплавена со фотографии објавени од германското списание „Бунте“ на кои Бастијан Швајнштајгер е во Грција со Бугарка, извесна Силвија К., со која разменува нежности.
фото:Instagram printscreen/anaivanovic







