Откако се пресели да живее и работи во Обиденетите Арапски Емирати на некогашниот ријалити победник од „Големиот брат“ му случија многу работи.
Од ријалити ѕвезда, модел, моден блогер, инфлуенсер, рапер, спортски директор на кошаркарски клуб, советник во општина Куманово, а по најново или последно, фитнес тренер во Аду Даби, за Дарко Петковски – Спејко се’ се врти околу промените.

Поседното со што се пофали во почетокот на годинава беше дека се подновил со нов џип марка „Масерати“ за кое наводно морал да плати „стотче“ во илјадарки евра! Со новиот џип оди и нова девојка , се зборуваше и пишуваше тогаш, кога тргннаа и гласините за неговото наводно раскинување со последната негова јавно позната девојка, Хрисанта Монева.

Шпекулација која никој не ја докажа, ниту пак кумановскиот љубовџија и расната русокоса пробиштипјанка ја потврдија.

Арно ама, ако ги погледнете Инстаграм профилите на двајцата (доскорешни ?) љубовници, ќе забележите дека ниту кај него, ниту кај неа, ни траг, ни слика од едниот и другиот заедно нема!

Спејко продолжи да се занимава со спортско тренерските активности, а бујната Хрисанта влетала во сопствен бизнис… Така, на нејзиниот профил сега и стои дека е агент за недвижности во Абу Даби!


Патем, оваа русокоса дама сега на сите можни објавени фотографии е сликана сама!

Спејко пак, очигледно не седи со скрстени раце… Напротив, кумановецот покажа дека има полни раце возбуда, откако ја прошета новата девојка најпрвин низ Македонија.
Поточно, да го види македонскиот бисер Охрид, езерото и изворите на Свети Наум, и се разбира прекрасниот манастир.
Истата личност во Охрид, истата во Абу Даби, само што оваа за разлика од цицлестата, русокоса Хрисанта е црнко секси мињонче. Очигледно по прикажаното и таа е по вежбањето, па на Спејко му е многу полесно со неа да „манипулира“… додека вежбата, се разбира!
Така, овој пат на новопечениот фитнес тренер за тренингот да му биде уште подобар, „џепната венера“ му послужи како товар. Спејко покажа колку лесно може да ја крене на мускули неколку пати, небаре крева тегови, а таа задоволно испружена му асистира! Можете само да замислите колку имагинација и невозможни пози има во нивната љубовна игра?!

Се разбира, доколку оваа црнокоса убавице е неговата нова девојка, за што допрва треба да стигне потврда?!

Ако се покаже дека тоа е така, додека бившата му љубов Љупка Митрова неодамна по втор пат стана невеста, љубовта на Спејко и со Хрисанта заврши во канта?

Фото и видео: Вистина-архива/Инстаграм/hrisantam/spejko




