Емисијата за мода „Стилисимо“ на Цаци Паковска стана историја, проект по кој таа остана запаметена кај пошироката јавност, иако на телевизија е уште од „Пулсирања“.
Сепак, години наназад Цаци е зад камерите како продуцент и сценарист, особено на изминатите сезони на серијата „Тин камп“ и „Дајте музика“. Модата никогаш не не ја заобиколила, а и работата како стилист.

Како и многуимина, така и Цаци редовно минува време и е активна на социјалните мрежи, каде едвај ја познавме.
Иако само делумно сменета, Паковска навидум е како друга.

Заслужна за тоа е естетската корекција на усните кои сега вака поволуменози прават таа да изгледа како друга.
Редовно е во теретана, а дека постигнала видливи резултати се гледа од најновите фотографии во бикини кои се најдоа од нејзината фото -галерија.

Деновиве Цаци Паковска се опушташе во летниот одмор и вибрациите покрај вода, плажа, убава храна и друшво.

Со своите 46 години, очигледно е дека Цаци изгледа одлично.
фото:Instagram printscreen/cacipakovska







