Промотер

Ана Стојановска како вокал на новата група „Скопје Виа“… џипси проџект заедно со хармоникашот Мишел Трајковски – „Под ова небо“ (ВИДЕО)

Ана Стојановска како вокал на новата група „Скопје Виа“… џипси проџект заедно со хармоникашот Мишел Трајковски – „Под ова небо“ (ВИДЕО)

Македонија добива нов музички бран. „Скопје Виа“ е новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук кој ја преставува својата прва авторска песна ,,Под ова небо”.

Овој уникатен џипси џез оркестар комбинира театарска експресија, џипси џез дух и современ балкански звук, a наскоро најавува нов музички албум и многу хитови.

По првата соработка на хармоникашот Мишел Трајковски и актерката Јана Стојановска во нивната љубовна романса „Весник“, актерката стана постојан вокал на новиот оркестар.

Јана Стојановска  е позната по својот сценски инстикт и силен емоционален израз кој го носи духот на театарот во музиката,  воедно е и текстописец на новиата тема насловена „Под ова небо”. Музиката и аранжманот се дело на хармоникашот и композитор Мишел Трајковски.

Промоцијата на песната и првиот официјален концерт се одржа во Скопје a многубројната публика уживаше во нивниот автентичен настап. Бендот настапува во акустичен состав со врвни музичари: Хилми Баки – Виолина, Никола Петрушевски – Кларинет, Влатко Пате – Ударни инструменти, Кирил Златановски – Контрабас, Ташко Грујоски – Гитара и Васил Потиров – Гитара.

Видео записот е во режија на Илија Каров, директор на фотографија, камера оператор и монтажа – Никола Грнчаров а камера оператор беше Александар Пауновски.

Како звучи и изгледа „Под ова небо“ на новиот „Скопје Виа – џипси проџект“, проследете од видеото во продолжение…

 

To top