Љубов и секс

Ова се најчувствителните места на машкото тело

Ова се најчувствителните места на машкото тело

Многу често жените сметаат дека не е потребен голем труд за да го возбудат својот маж, но, всушност и припадниците на посилниот пол имаат скриени ерогени зони со чија стимулација можете да го доведете својот сакан до вистинско лудило.

Ниту мажите не се едноставни “за читање”, кога станува збор за сексот затоа што и тие имаат скриени ерогени зони. Во продолжение прочитајте кои се тајните места на машкото тело преку кои можете да го доведете вашиот сакан до кулминација на сексуалното задоволство.

Стапала

Мажите реагираат на допирот на некои досега запоставени делови од телото, како што на пример се стапалата. Измасирајте ги стапалата на вашиот сакан и тоа тој никогаш нема да го заборави. Според тврдењата на експертите, на петите се наоѓаат точки кои што го зголемуваат сексуалното задоволство.

Ушната школка

Во ушната школка се наоѓаат многу нервни завршетоци, па токму затоа ова место е одлично за започнување на вашиот “перформанс” за возбудување на вашиот сакан. Нежно бакнувајте го увото, со нежни допири со јазикот, повремено шепотејќи убави и нежни зборови.

Колена

Иако допирањето на колената може да предизвика и благо чувство на скокот, овој дел од неговото тело всушност може да биде и ерогена зона. На овој дел од телото кожата е нежна и мека, а со самото тоа и почувствителна на допир и бакнежи.

Долниот дел од стомакот

Со стимулацијата на долниот дел од стомакот кај мажите можете да го зголемите сексуалниот апетит, а колку подолго ја одржувате тензијата, толку поголемо ќе биде неговото возбудување.

Внатрешноста на бутовите

Внатрешниот дел од бутовите исто така е еден од најчувствителните делови на телото. Овој дел има многу нервни завршетоци, па токму затоа многу лесно можете да го “расположите” вашиот партнер со нежни допири.

Очи

И очните капаци можат да бидат вистинска ерогена зона. Кога тој ќе ги затвори очите, вие преземете ја контролата и тоа ќе го возбуди вашиот партнер. Кожата на очните капаци е тенка и чувствителна, па затоа нежно бакнувајте и повремено допирајте со врвовите од прстите.

Врат

Атмосферата можете дополнително да ја разгорите со нежни допири на неговиот врат, а особено чувствителен дел е оној помеѓу вратот и клучната коска, па токму таму приредете нежен “напад” од бакнежи.

Глава и чело

Можеби челото не делува како “точка на вриење”, но секако, вие можете тоа да го направите. Главата и челото изобилуваат со нервни завршетоци, па затоа, нежната масажа може да предизвика лавина на страсти.

фото:Freepik
извор:popara.mk

To top