Радио Милева невролошки проблеми

Докторот постојано е во неговиот дом: Еве каква е состојбата на Жика Јакшиќ по мозочниот удар

Докторот постојано е во неговиот дом: Еве каква е состојбата на Жика Јакшиќ по мозочниот удар

Водителот на емисијата „Никад није касно“, Жика Јакшиќ, има тешкотии со говорот по мозочниот удар.

Како што објавија српските медиуми, Јакшиќ е пуштен на домашно лекување откако поминал десет дена во болница.

Неговата здравствена состојба сега е стабилна, но поради последиците од мозочниот удар, има тешкотии со говорот, па затоа секојдневно го посетува логопед за да му помогне што побрзо и полесно да ја надмине моменталната состојба.

– За среќа, Жика Јакшиќ сега е добро. Со оглед на тоа што доживеал мозочен удар, моментално тешко зборува, поради што логопед му доаѓа дома секој ден за да му помогне да се опорави – изјави извор близок до водителот.

Да ве потсетиме, на Жика му се слошило пред еден месец, поради што итно отиде на лекар. Откако доби медицинска помош, беше задржан во болницата Свети Сава, каде што беше на одделението за интензивна нега.

– Ниту се слушнавме ниту се видовме. Мислам дека буквално никој дури и не го контактираше. Никој не можеше да стапи во контакт со него бидејќи беше во болница без телефон. Немаше можност за комуникација. Беше во болницата Свети Сава околу десет дена – изјави неговиот пријател Микица Гачиќ за Информер.

фото:You tube printscreen/ Nikad nije kasno/Instagram

To top