Мегафон јубилеј

Боб Гелдоф и Брајан Меј ја одбележaа 40-годишнината од „Лајв Еид“

Боб Гелдоф и Брајан Меј ја одбележaа 40-годишнината од „Лајв Еид“

Музичарите кои настапија на „Лајв Еид“, трансатлантскиот концерт на кој се собраа милиони за помош во борбата против гладот во Етиопија, се собраа во Лондон во неделата за специјалната изведба на мјузиклот „Just For One Day“ по повод 40-годишнината од хуманитарниот настан.

Меѓу ѕвездите собрани во театарот „Шафтсбери“ беа организаторите Боб Гелдоф и Миџ Ур, гитаристот на Queen, Брајан Меј, музичарот Ник Кершо и актерката Ванеса Вилијамс.

На овој ден во 1985 година, најголемите имиња во музичката индустрија се собраа на телевизиски добротворен концерт што се одржа истовремено на стадионот „Вембли“ во Лондон и стадионот „Џон Ф. Кенеди“ во Филаделфија.

Се проценува дека 1,5 милијарди луѓе ширум светот го гледале „Live Aid“ преку сателитскиот пренос. Концертот собра околу 100 милиони долари и инспирираше слични настани низ целиот свет децении подоцна.

Ирскиот рокер и активист Гелдоф изјави за Reuters дека „Live Aid“ останува важен бидејќи ја демонстрира моќта на колективното дејствување.

„A денес, во оваа ера на смртта на добрината, која ја воведоа Трамп, Венс и Маск, веројатно резонира дури уште посилно“, рече Гелдоф.

фото:Instagram printscreen/brianmayforreal

To top