Трендот од деведесеттите се врати во голема мера, а тоа е лентата за глава, која сега е повторно во мода.
Стилираната коса веднаш ја издигнува секоја облека, а лентата за глава ја олеснува работата. Широкa, еластиченa што овозможува лесно движење на косата подалеку од лицето. Кога се користи, обично дава изглед на залижана и уредна фризура, додека лентата ја покрива линијата на косата.
Модните критичари веќе почнаа да разговараат зошто лентите за коса повторно станаа популарни. За почеток тие наведуваат дека тоа е едноставен и пристоен начин на обликување на косата за кој не е потребно премногу време и труд.
Тоа е и практично решение кое едноставно ќе ја задржи косата надвор од вашето лице, а сепак ќе изгледа ефективно. Особено е практичен за непослушна коса, каде што ќе создаде ефект на измазнета фризура.
Се чини дека носталгијата во модата е нешто на кое секогаш можеме да сметаме. По големиот кам-бек на плишаните спортски панталони и трендот „коректор на усни“, се чини дека деведесеттите се уште се одлична инспирација кога се трендовите во прашање.
Foto: Freepik







