Радио Милева резултатот не ја задоволил

Синуси, девијација, естетика, … Душица Јаковљевиќ ќе го оперира носот по 7-ми пат

Синуси, девијација, естетика, … Душица Јаковљевиќ ќе го оперира носот по 7-ми пат

Душица Јаковљевиќ публиката ја гледа повеќе од две децении како едно од најпрепознатливите ТВ лица на српската сцена.

Во текот на сите тие години, таа се промени и физички и професионално. Сега, по шест операции на носот – таа одлучи да се обиде и на седма.

Водителката претходно имала операција на синусите поради девијација, а потоа и козметички го корегирала носот.

Сепак, вели таа, резултатот не ја задоволил бидејќи носот ѝ „паднал“ и почнал да ја нервира речиси веднаш по процедурата. Затоа сега планира уште една корекција.

– Повеќе од една година не сум ставила ништо на лицето, дури ни ботокс, и навистина се изненадив кога го сфатив тоа. Сè уште треба да направам малку (се смее). Но, прво ќе го оперирам носот повторно, бидејќи ми падна и ме нервира речиси од операцијата. Сега е навистина време да го средам тоа, а потоа ќе се фокусирам на овие други работи – рече водителката по финалето на „Фармата“.

Покрај козметичките зафати, Душица подготвува и голем животен проект – книга. Во неа таа ќе опише децении од својата кариера, подеми и падови, но и детали од приватниот живот кои досега останаа подалеку од очите на јавноста.

– Тоа е мојата голема желба и план. Почнав да ја реализирам, а ако не ми снема време, книгата ќе биде објавена во ноември и луѓето ќе имаат можност да ме запознаат од друг агол. Приказните ќе бидат реални и препознатливи, само што актерите ќе се најдат под различни имиња – заклучи водителката.

Наскоро се ближи финалето на „Елита“, уште едно реално шоу што го води, а потоа доаѓа нова седма операција – и одмор. На есен, публиката повторно ќе ја гледа во улога на домаќинка на популарни формати, каде што, како што покажуваат годините, таа се снаоѓа многу добро.

фото: printscreen/instgram

To top