Антонија Гиговска во последно време е позната како некој кој сака трансформации и често го менува изгледот. Од долга коса до менување фризури, како и боја на веѓите, речиси нема друг кој се смета за похрабар кога е тоа во прашање.

Од Египјанка со тешка шминка од фотосесиите кои ги сподели со јавноста, до менувањето на изгледот кој речиси целосно ја трансформира, пејачката сега одлучи да го покаже природниот изглед.

Така таа, иако редовно менува фризури и стајлинг, сега прошета надвор без трошка шминка и го покажа вистинското лице.

На Инстаграм, најпрво објави колаж со фотографии додека позира од автомобилот каде во фокус го стави нејзиното лице.

А потоа, објави и видео на кое напиша дека денес за неа е „Ден без шминка“.
Инаку, неодамна изгледот на Антониа Гиговска предизвика бура од негативни критики, каде на еден јавен настан се појави во црна тоалета со разголено торзо, па секој јавно го напиша она што прво му падна на памет. Сепак, повеќе од јасно е дека кога си јавна личност не мора секој да те сака, па затоа младата пејачка си тера по свое.

foto: Print Screen /instаgram/antoniagigovskaa







