Радио Милева гламур за сите пари

Се’ „пука“ од луксуз: Љупка Митрова ги сподели најсовршените кадри од венчавката

Се’ „пука“ од луксуз: Љупка Митрова ги сподели најсовршените кадри од венчавката

Позната струмичанка и сопственичка на модна линија, Љупка Митрова, неодамна, поточно на крајот од месец мај стана мажена жена, сопруга на нејзиниот сакан Георги со кого беа во врска околу година ипол.

Младите направија голема и гламурозна венчавка во Солун, каде тој наедно и живее, а откако слегнаа инпресиите, а младите се опуштија на меден месец во Монте Карло, невестата го објави свадбеното видео од најсовршените моменти од големиот ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Освен помпезната венчаница од која невестата беше во фокус, сe’останато беше сведено на минимализам и елеганција, а дека се „пукаше“ од луксуз е и повеќе од евидентно.

Инаку, еден ден пред свадбената веселба која беше закажана покрај плажа на терасата од еден хотел во Солун, Љупка и Георги, ставија параф пред матичар, а тоа го направија како мини свечена увертира на она што следеше наредниот ден.

фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova

To top