Дали сте „ноќна птица“ или ранобудец? Од тоа зависат и вашите сексуални навики, а сексологот Тами Нелсон за порталот MindBodyGreen ги објаснува предностите на утрински, пладневен и вечерен секс.
Утрински секс
„Има многу придобивки од утринскиот секс. Мажите наутро имаат најголемо ниво на тестостерон во телото, па затоа имаат ерекција“, објаснува Нелсон.
Многу истражувања покажале дека луѓето кои имаат секс наутро се посреќни и поздрави. Утринскиот секс е повозбудлив, бидејќи не само што убаво ќе ве разбуди туку и ќе имате енергија и насмевка на лицето во текот на целиот ден.
Пладневен секс
„Многу луѓе откако ќе се истушираат, ќе ги измијат забите и ќе се средат, ја губат сексуалната желба и ги фаќа сон“, вели Нелсон. За овие луѓе е идеално да имаат секс во текот на денот.
Пладневниот секс е добра опција за оние кои знаат дека ќе бидат уморни навечер.
Вечерен секс
„Оргазмите се одлични за добар сон“, вели Нелсон. „По сексот вашиот мозак го лачи хормонот на среќа“, објаснува таа.
Окситоцинот ја зајакнува љубовта меѓу партнерите, а со ослободувањето на овој хормон пред спиење- ќе заспиете како бебе. Вечерниот секс може да биде добар затоа што ќе имате нешто што ќе ве расположи во текот на наредниот ден.
фото:Freepik