Бенџамин Спаховиќ, поранешен учесник во ријалити шоуа кого јавноста го запозна во „Парови“, почина на 28-годишна возраст.
Бенџамин им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи во Сараево.
Почина на својот роденден, а тажната вест беше објавена на социјалните мрежи. На неговиот Инстаграм профил, администраторот сподели пораки најпрвин со надеж за негово преживување, но за жал подоцна и збогувања.

„Денес е 28-миот роденден на Бенџи Мама и тој се соочи со тешка животна битка, најголемата. Се бори како лав, срцето му чука и е силен, фала му на Бога“, напиша еден од неговите пријатели.
„Љубов моја, среќен роденден. Издржи, силен си. Ќе го пребродиш тоа и ќе бидеш добро со нас, ако даде Бог. Те сакаме брате“, пишува во друга објава што беше споделена на профилот на Спаховиќ.

Тешка сообраќајна несреќа се случи на улицата Терезија во Сараево, во која учествуваа мотоцикл и патничко моторно возило.
Како што потврди МУП на Сараевскиот кантон, несреќата е пријавена во 19:45 часот.

– Возачот на мотоциклот е префрлен во КЦУС за укажување лекарска помош – соопшти МУП на Сараевскиот кантон.
фото:Freepik/Instagram printscreen




