Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова ем здраво живее, ем постојано покажува дека ужива во животот. Зошто и не би, ако веќе и се може, при тоа ширејќи го кругот на нејзината „армија придружнички“ со различна понуда која мами, какви што се нејзините летни предизвици, меѓу кои и годинешниов на Бали.

А дека е навистина егзотично доживување да се поминат одреден број денови со Ана на своевидно фитнес летување, покажуваат многу работи. Најпрвин егзотичната дестинација која секогаш инструкторката за своите летни предизвици ја одбира, програмата за исхрана и вежби кја таму ја нуди, и уште некои мали ситни нешта која сликата ја прават голема.

Како што е самата фитнес инструкторка која самата по себе е летен предизвик, кога ќе ја видите онака соблечена во мини бикини како „ги шета“ своите заносни, бујни облини.

А, Ана како Ана, никогаш не мирува… Дури и кога појадува. Зашто Ана Стојанова и додека појадува буди возбуда… Толкава, што ќе ви падне вилицата до колена, кога ќе ја видите како тоа го го практикува.

До душа и појадокот ем сочен и практичен, ем здрав и егзотичен… Ананас, манго, папаја… сервирани во чинија.

Само што фитнес инструкторката малку поинаку преферира да обедува.

Во ултра мини бикини, во кои до полн израз доаѓаат бујните облини…

Во „танга однапред – танга одзади“, го започнува својот сочен појадок сексапилната фитнес инструкторка Ана Стојанова… Танцов појадок кој фантазијата ја бранува.

Ананас, манго и папаја… и еротски латино танц пред огледало што „пали“, за жежок поздрав од Бали!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/annstojanova





