Радио Милева не комуницираат

Меѓу нив две „пукнала тиквата“: Катарина Живковиќ ја “избришала“ од животот родената сестра

Меѓу нив две  „пукнала тиквата“: Катарина Живковиќ ја “избришала“ од животот родената сестра

Пејачката Катарина Живковиќ долго време вешто го криеше својот приватен живот од медиумите, не зборува за партнерот, а поретко за семејството.

Таа сега јавно проговори во една емисија и призна дека повеќе не комуницира со сопствената сестра.

– Таа е единствената личност со која не комуницирам. Токму затоа сум толку повредена, таа е единствената личност со која мислам дека нема да имам понатамошна комуникација ѝ посакав се најдобро во животот и никогаш повеќе да не помисли да ми се јави, да ме праша за мене, рече пејачката.

Поради оваа одлука поминала низ тежок период.

– Многу тешко, многу тешко, токму поради тоа што ја сакав, токму затоа што не очекував такво нешто од неа, таа се покажа како негативец кон мене, искрено раскажа Катарина.

Пејачката откри дека од нејзината сестра не добила ни честитка за раѓањето на синот.

фото: print Screen/Instagram/katarina_zivkovic_official
To top