Поминаа три месеци откако екс-кошаркарката и сегашен фитнес тренер, Едина Муса стана мајка за првпат и на свет го донесе синчето Максим кое сега е нејзиниот фокус.
Муса во текот на целата бременост редовно покажуваше дека е активна трудница, всушност ултра активна во теретана со редуцирани вежби складни за трудници го одржуваше телото во форма.

Сега, таа сакаше да покаже и докаже дека не за џабе е кажана онаа „телото памти“. Се (с)облече во топ и куси џинс панталончиња кои максимално ја истакнаа нејзината совршена- топ форма.
Нагласените стомачни беа примарниот фокус, дефинирани и без трага од бременоста која нималку не беше така одамна.

Мајките многу добро знаат дека телото, особено во пределот кај стомакот малку потешко се враќа како пред бременоста, а ова е еден добар пример дека вежбањето и тоа како се враќа во полн ефект.

-Три месеци постпартум… Телото навистина ги памети годините на напорна работа. Ефектот е секогаш побрз кога имаш цврста подлога – пишува Едина Муса.
Згодна мама нема што – нели?!
фото: Instagram printscreen/edina_musa





