Радио Милева на повидок дует?

Нашиот Зоран Рудан Цеки одново брилјираше во „Никогаш не е доцна“, па доби понуда што не се одбива, само… за жал, малку задоцнета или можеби сепак не? (ВИДЕО)

Нашиот Зоран Рудан Цеки одново брилјираше во „Никогаш не е доцна“, па доби понуда што не се одбива, само…  за жал, малку задоцнета или можеби сепак не? (ВИДЕО)

Зоран Рудан Цеки, фронтменот на македонската група „Бело Копче“, трибјут  „Бијело дугме“, низ три кола донесе вистински рок спектакл во „Никогаш не е доцна“. Освен со пеењето, тој ги воодушеви публиката и жирито со своите енергични настапи, но и со изборот на гардероба и необичниот стајлинг.

Јелена Томашевиќ не го криеше своето восхитување од Зоран, која гледајќи ја ретроспективата на неговите настапи, можеше да заклучи дека Зоран се однесува и изгледа како вистинска рок ѕвезда.

„Не познавам никого од Македонија што не знае да пее, но вашите настапи се како концерти“ – го пофали Јелена.

Во четвртата рунда, Зоран се одлучи за малку помирна и поемотивна песна од сите претходни, а совршено го изведе хитот на Џибони „Либар“.

Жика Јакшиќ зборуваше пред жирито по настапот на Цеки, воодушевен од она што го слушна и виде.

„О каков настан, цело време додека пееше ги гледав сите околу мене, сите заедно уживавме. Извонреден момент кога музиката се претвора во уметност, а вие донесовте извонредна интерпретација. Секако, пофалби за оркестарот и за овие девојки за пеењето на придружбата“ – рече Жика.

Јелена Томашевиќ додаде дека ќе го следи текот на кариерата на Цеки и дека му посакува одлична иднина и големи хитови.

„И секако, да имате свои соло концерти“ – беше искрена, а потоа од неа Цеки доби понуда што не се одбива, иако… за жал, малку задоцнета. Или можеби не?

„Имав концерт на 8-ми март во Скопје, и да те  сретнев претходно, ќе те поканев да ми бидеш специјален гостин. Но, никогаш не е предоцна, затоа ќе ти се јавам следниот пат“.

На овој нејзин коментар Жика Јакшиќ се надоврза дека Цеки е и кантавтор, па би било интересно да напише една дует песна за него и Јелена, зашто смета дека нивните гласови совршено би се вкомпонирале и вклопиле.

Вториот дел од шоуто односно ревијалниот дел им донесе многу спомени на сите што живееле во времето кога е создаден хитот „Принцеза“, кој Цеки го изведе со Вања Мијатовиќ.

„Ќе ги симнам очилата за да бидам како Дадо Топиќ“ – се пошегува нашиот натпреварувач кој и овој пат брилјираше на сцената во регионалноиот музички натпревар за повозрасни.

Неговиот настап погледнете го во видеото во продолжение на 1 час и 35 минути:

Фото и видео: Јутјуб/Nikad Nije Kasno – Cela emisija 34 – 11.05.2025.

To top