Радио Милева кубанска музика и еротска естетика

Александра Трајческа вака го решава проблемот: Со кубански песни себе си, а со поглед на деколтето на нејзините обожаватели… барем на кратко (ВИДЕО)

Александра Трајческа вака го решава проблемот: Со кубански песни себе си, а со поглед на деколтето на нејзините обожаватели… барем на кратко (ВИДЕО)

Откако убавата и харизматична прилепчанка Александра Трајческа блесна на минатогодишниот „Макфест 2024“ со песната „Навика“, стана се попозната и побарана за настапи, иако пејачката секогаш баш и не е достапна за македонската публика.

Имено, како што е помалку или повеќе познато, Александра како и Ноне, по неколку месеци во годината работи на прекуокеанските крузери, но таа за разлика од „најпрошетаната велешанка“  и таму е пејачка и го пее својот задолжителен музички репертоар.

„Ги нема оние приказни – ќе се договориме кога ќе дојдеш, како, што… Се си е договорено и однапред се знае што пееме, колку пееме, како треба да изгледаме на сцена, колку време тоа би траело, колку точно сме платени… нема ајде уште една песна, шоуто трае додека трае. Ти си забавата. Нема тука простор да читам текст од некоја песна. Страшно професионално. Репертоарот кој што требаше да го подготвам пред да заминам беше 250 песни, кои ги научив за месец и половина, речиси два месеци“, раскажа неодамна Александра во поткастот за ОТВ – Прилеп каде откри многу работи за себе, кои само малкумина ги знаат.

Арно ама, затоа малкумина знаат дека и покрај сите брановидни патешествија преку седум мориња и океани, Александра има желба што засега никако да и се исполни. Желбата до душа географска, да се најде на одредена егзотична локација или ако повеќе сакате да ја посети Куба. Не заради пурите, туку повеќе заради егзотичните овоштија, песочните плажи и автентичната околина и животот во неа, во амбиент кој како да е замрзнат и застанат во времето, ама по се изгледа најмногу заради музиката.

Кубанското мамбо и останатите карипски и егзотични звуци, салса, румба, ча ча ча… и специфичната милозвучна вокална изведба на големите мајстори на овие специфични музички жанрови.

Арно ама… „Кога немаш прилика да одиш на Куба, си пееш кубански песни и си го решаваш проблемот… Барем на кратко“ – споделила покрај видеото во кое си пее така слатко, уште послатката прилепчанка, чија изведба е толку милозвучна што го милува слухот, а уште повеќе и душата.

Ама, затоа пак нејзиниот изглед додека онака опуштена се  распослала на софата ги милува и останатите сетила. Особено кај машкиот пол, чии „влажни погледи“ го следат ритамот на изведбата, не симнувајќи го фокусот од деколтето во пределот на… дијафрагмата на црвенокосата пејачка.

Така што, ако Александра во отсуство на реално присуство на Куба си го решава проблемот со пеење кубански песни, ако не повеќе барем на кратко, а во истовреме им го решава  нејзините машки обожаватели и следбеници, кои се вистински вљубеници во убавината… Онаа на кубанските звуци и уште повеќе во онаа на еротската естетика полна со возбуда, зачинета со милозвучна вокална подлога од грлото на Александра!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Trajcheska (@alexcheska)

Фото и видео: Инстаграм/alexcheska

To top