Пејачката Каја Остојиќ ја има ќерката Николина која извесно време не живее во Србија. На почетокот на годината Каја замина во Америка да ја посети својата ќерка и заедно да го прослават нејзиниот 22 роденден. Тогаш можевме да ги видиме нивните заеднички моменти на социјалната мрежа Инстаграм.

Многумина коментираат дека пејачката и нејзината ќерка изгледаат како другарки, бидејќи Каја не покажува знаци на стареење.

Инаку, Каја Остојиќ ја доби ќерката на 19 години кога беше во љубов со кошаркарот Никола Драгојловиќ. Николина со години живее и студира во Америка, а Каја често истакнува колку е горда на неа поради тоа што ниже успеси.

Николина се вработи во агенцијата која работеше на маркетинг кампањата на Доналд Трамп, а неодамна беше во првите редови на инаугурацијата на американскиот претседател, а потоа се појави и на свечениот бал.

Фото: Инстаграм/nikolinadragojlovicfan(ѕ)







