Радио Милева свето тројство против брачно растројство?

Сопругата на Иван – „Либеро“ сподели три едноставни правила за живот: Дали тоа Ивана му испраќа скриена порака на пејачот „да пее“ по нејзини ноти? (ФОТО)

Сопругата на Иван – „Либеро“ сподели три едноставни правила за живот: Дали тоа Ивана му испраќа скриена порака на пејачот „да пее“ по нејзини ноти?  (ФОТО)

Фронтменот на „Либеро бенд“ Иван Јованов и неговата сопруга Ивана пред 12 месеци се остварија во улогата на родители, а нивниот свет го смени малата Ниа.

Сета своја семејна среќа  ја прикажаа неодамна на социјалните мрежи, за роденденот на нивната убавица, кога малечката принцеза ја наполни првата годинка.  Одлична прилика да се овековечат моментите, а малечката се фотографира на роденденска фотосесија со мама и тато.

Арно ама, за разлика од порано кога Иван беше уште ерген во врска со Антониа Гиговска со која секојдневно ги „товареа“ социјалните мрежи со заеднички фотографии, откако влезе во врска и особено откако се ожени со сегашната сопруга Ивана, заедничка фотографија на социјалните мрежи оди па најди… Едвај понекоја за поедина специјална прилика, како што беше првиот роденден на нивната малечка наследничка или претходно Нова Година… и толку!

За разлика од порано, сега пејачот неговата приватност ја крие како змија нозете… Дали поучен од претходното искуство дека многу приватно покажување не гарантира баш угодно доживување или поубавата половина баш не сака толку јавно да се експонира, е загатка која ја знаат само тие двајцата.

Можеби токму затоа и изненади објавата на  сопругата на Иван – „Либеро“, која  на своите Инстаграм приказни „од нигде – никаде“, сподели три едноставни правила за живот.

Како прво: Љубовта бара акција! Каква не објаснила, а каква и недостасува, знае и самата… и веројатно  уште некој од домашните.

Како второ: Довербата бара доказ! Или што би рекле покажи на дело дека си верен, за да ти верувам…

И како трето: Ивинувањето бара промена! Или како што велат ако веќе не внимаваш пред да се извинуваш, тогаш барем смени го однесувањето, за зашто по втор пат нема да ти помине извинувањето!

Свето животно тројство за да нема нервно растројство! Особено не брачно! Така барем смета младата и убава сопруга на пејачот од „Либеро бенд“.

Арно ама, дали тоа Ивана преку трите животни правила „латентно“ му испраќа и скриена порака на пејачот „да пее“ по нејзини ноти и „игра по нејзини правила“, е друга работа?

Нам само ни западна во око нејзиното споделено писание, но за да не помисли некој дека имаме „грешни мисли“, околу пеењето по „зададени ноти“, пејачот сам нека му ја мисли!

Фото: Инстаграм/jovanov_ivan/i.zimbo

 

 

 

 

To top