Убавото македонско девојче Катарина Ивановска никогаш не остава да и биде монотоно на љубовен план.
Дали има повеќе или помалку модни ангажмани, тоа е сосема неважно во поглед не нејзината актуелност во медиумите, особено кога приватноста е во прашање.

Сепак, Кики секогаш е со резерва за откривање детали од љубовниот живот.
Така беше и кога пред околу две години нешто по раскинувањето со Перо Антиќ, започна нова романса со сегашниот партнер Стефан Ханџиски.
Одвреме- навреме Кики знае да објави по некоја фотка од нивните заеднички патувања, но овој пат преку една „стори“ објава постави прашалници кај следбениците.

Стефан го ослови како свој сопруг!
Имено, од објавата сакаше да покаже како изгледа кога таа и тој се расправаат, па таа е толку вешта што сликовито опиша преку вештите тактички техники од еден тениски меч.

-Јас и мојот сопруг кога сака да побие мој аргумент, стои во објавата.
Е сега, дали се омажила во тајност, па Стефан и е веќе сопруг, или пак можеби и таа тактички му даде знак дека можеби е време за друго ниво од „играта“, останува непознато се досека не се размрсат конците, барем оние приложените јавно.
фото:Instagram printscreen/ ivanovska_katarina




