Радио Милева добро упатен во се'

Откриено во што инвестира Душко Тошиќ: Пред неколку месеци ова беше строго чувана тајна, но сега исплива вистината (фото)

Откриено во што инвестира Душко Тошиќ: Пред неколку месеци ова беше строго чувана тајна, но сега исплива вистината (фото)

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ покажа дека освен во спортот се истакнува и во деловниот свет.

По завршувањето на професионалната фудбалска кариера, Тошиќ се испроба во различни деловни потфати, а моментално е активен како инвеститор.

Покрај менаџирањето, тој во партнерство со пријател инвестира и во луксузни недвижнини во Црна Гора.

Тошиќ на социјалните мрежи сподели фотографија од еден негов проект, луксузни станови кои ќе бидат наменети за изнајмување и продажба.

Иако откри слики од проектот, сепак не сакаше да сподели повеќе детали.

Извор близок до Тошиќ открива дека поранешниот фудбалер е целосно посветен на овој бизнис и дека одлучил овој проект да биде еден од неговите главни фокуси.

– Душко сака да работи и да создава. Работата и децата сега му се најважни работи. И има пријатели со кои добро работи. Го обиколи светот и точно знае што му се исплаќа, а што не – вели изворот за Курир.рс, додавајќи:

– Летово, како што стојат работите, тој најголем дел од времето ќе го поминува на црногорското приморје. Локацијата каде што го градат имотот е одлично позиционирана. Морето е веднаш до таа зграда, па лесно ќе се продава. Таму работи цел тим на луѓе, но Душко е добро упатен во се’. Се грижи и каде и како ги вложува времето и парите.

Тошиќ е многу дискретен во своите деловни потфати, па деталите за неговите инвестиции и проекти се држат во тајност додека не дојде време за официјални соопштенија.

Да потсетиме, Карлеуша и Душко се разведоа минатата година, а старателството на наследничките договорно го поделија. Ќерките повеќе време поминуваат со мајка си со која живеат во вила во Сењак, а повремено се со татко им.

Душко често ги радува со заедничко патување, кое и двете го споделуваат на мрежите.

фото:Instagram printscreen/duskotosic

To top