Екс- кошаркарката, а сега фитнес инструкторка Едина Муса, на кратката приказна на Инстаграм објави видео и сподели една непријатна ситуација за која реагираше.
Силно вознемирена од сообраќајната некултура таа се обрати до јавноста дека скопските улици во комбинација со бебешка количка не одат заедно.
Едина откако неодамна стана мама смета дека прошетките низ Скопје со бебе се доста тешки.

– Каде јас треба да чекам пешачки ? Не можам да видам ниту кола дали проаѓа од таму. Страшно! На пешачки! Браво, дечко ! Браво девојко, не знам кој е! – кажа изнервирано и бунтовно поради непрописно паркиран автомобил.
Понатаму во видеото откри дека порано сообраќајната некултура не и пречела до толку бидејќи била навикната, но сега размислува поинаку. Работите смета дека треба да се сменат и луѓето треба да се освестат и да мислат малку и на другите.
– Испаѓа сега дека се жалам на нашата сообраќајната култура. Меѓутоа кога ќе имаш едно такво мало човече што треба да се грижиш за него а не гледаш дали кола доаѓа од друга страна. Се надевам дека луѓето малку ќе се сменат и нема да бидат толку себични – искрена беше таа.
Да се надеваме дека оваа реална „приказна“ која ја сподели Едина за мајките и оние кои што имаат вакви непријатности ќе ги индоктринира возачите да носат во иднина свесни одлука.
фото: printscreen/instagram







