Победата на неодамна одржаниот музички натпревар „ПЗЕ“ ја освои пејачот Стефан Здравковиќ Принц, кој со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија во Базел на претстојната „Евровизија 2025“.
Оттогаш почнаа да кружат различни шпекулации за Принц. Така на социјалната мрежа „Х“ се појавија шокантни пораки за кои тврдат дека тој наводно ги пратил на помлади девојки.
“Колку години имаш?” “17” “Оооо” “Знам” „На која возраст си? “06” “Леле”
Не само Србите, туку и странците почнаа да го напаѓаат Принц и да го обвинуваат за наводна педофилија. На социјалните мрежи се споделуваат шокантни објави за него.
Во оваа прилика се огласи и српскиот претставник на Евровизија кој тврди дека се работи за местенка. Тој истакна дека разбира оти на некои не им се допаѓа тоа што тој е избран, туку дека се отишло предалеку.
– Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа да ја претставувам Србија на Евровизија, но не прифаќам ваков тип на сајбер криминал. Случајот бил пријавен во Одделот за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето на ваквите работи“, изјави Принц за Телеграф.рс
фото:You Tube printscreen/RTS Pesma Evrovizije – Zvanični kanal