Откако сметките за струја „ги пеплосаа“ граѓаните, зашто за месец јануари истите ги добија енормно зголемени, луѓето тргнаа да се жалат. Ама кому да се пожалиш, кога „кадија те тужи кадија ти суди“, па ЕВН ти вика прво плати, па жали се! Настрана тоа што на многумина наместо триесет им пресметале како месецот да има триесет и пет – шест дена!

Нашиот народ можеби е сиромав, ама никако не и глупав, туку напротив баеги чешит и остроумен, па некој се досетил да им врати „мило за драго“ или барем да ги им се измајтапи на „струјаџиите“.
Имено, некој се досетил да им смести приказна која колку и да е само обичен мајтап, ако подобро размислите, не е ни далеку од реалноста. Мајтап кој осамна на социјалните мрежи, па истиот го споделија и некои од познатите личности, како Панчо од ДНК или Богдан Илиевски , алиас Бетмен Велит.

А, еве што би било, кога ЕВН би отвориле кафуле… Вака би изгледала сметката за кафе!

Или едвај 10 евра… Како да го пиеш на Монмартр или во Монте Карло покрај брегот… Онака наелектризиран… Само таму од возбуда, а овде од електрошокот од цената! Затоа, нека – благодариме… Доволни ни се сметките за струјата. Кафе на друго место ќе пиеме, а по дома… на плинско ќе го вариме!

Фото: Фејсбук /Ај на кафе…/Stari Skopjani/Богдан Илиевски/Vladimir Blazev





