Лекарите од итната медицинска помош ги открија најчестите повреди со кои се соочуваат нивните пациенти за време на сексот. Меѓу другото, тие наведуваат дека мажите почесто доаѓаат со ваков тип на повреди отколку жените.
Овие мажи се претежно на возраст од 20 до 40 години. Експертите исто така велат дека чекаат неколку часа, па дури и неколку дена пред да побараат лекарска помош и нагласуваат дека итно лекување е од клучно значење, пренесува Daily Mail.
Бери Хан, лекар од итната помош во Њујорк, рече дека повеќето повреди се случуваат во пределот на пенисот. Крвните садови пукаат, а гениталниот орган се деформира и отекува. Дарис Гилеспи од Џорџија додаде дека секоја позиција што не е мисионерка носи ризик од повреда. Рекоа и дека позата „обратна каубојка“ е најопасна за мажите. Во оваа поза, партнерката е горе, со свртен грб.
И двајцата изјавија дека фрактурата на пенисот е меѓу најчестите повреди. Пенисот е повреден со свиткување или силен удар, што предизвикува пукање на крвните садови.
„Нема коска во пенисот, но има сунѓересто ткиво. Станува тврдо и отекува за време на сексуалното возбудување, но луѓето можат да го повредат во одредени случаи“, објасни Гилеспи.

Пациентите може да слушнат пукање, проследено со отекување на пенисот и ненадејно губење на ерекцијата. Може да се појави и крварење. Потребна е операција, а закрепнувањето може да потрае и до шест недели.
Чести се и повредите предизвикани од употреба на прстен на пенис, познат и како прстен за ерекција. Служи за одржување на ерекцијата. Во некои случаи, може да се заглави.
„Ако пациентот не побара брзо помош, може да дојде до оштетување на пенисот бидејќи на ткивото му недостасува кислород и нова крв“, рече Гилеспи.
Очекувано, луѓето доаѓаат и во собата за итни случаи поради користење на разни работи за време на сексот. Тие вклучуваат шишиња, па дури и светилки, кои се заглавуваат во ректумот.
Иако тоа се случува поретко, можно е и жените да се повредат за време на сексот. Може да добијат исеченици или модринки во вагиналната област. Ова може да биде предизвикано од употреба на секс играчки или поради недоволна влажност.
извор:popara.mk
фото:freepik







