Низ девет сезони од популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ поминале многу гости асистенти, се презентирале стотици рецепти од шефовите, ама се испеале и доста песни.
Сања е третата водителка која се појави во овој ТВ формат, а богами и остана како најперманентна. Сепак, заедничко за сите беше, а и остана тоа што редовно бараат од учесниците , па и од шефовите додека готват да запеат некоја и да ги измешаат звуците од кујната со песна.
Некој сака да пее, некој да слуша, а друг пак и тоа како знае да изненади со талентот, чиниш емисија за готвење се претворила во таква за музички таленти и тоа од типот на „Никогаш не е доцна“.
Токму учесничката Добринка која ќе ја гледаме и слушаме од денешното издание, уште од сам влез ги изненади сите кога запеа, а ним им се стори дека ја слушаат Васка Илиева. Песна имаше најпрвин за Никола, потоа и за калеш Сања, а без песна не остана ниту шеф Боби.
А кога готвењето е зачинето со песна и направено со љубов, крајниот резултат во чинија мора да биде совршен!
Како изгледаше целото ова гледаме денес…
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska