Радио Милева „останавме исти“

Кај Тања и Новица се славеше наголемо: Торта, песна и здравица за семејниот јубилеј (видео)

Кај Тања и Новица се славеше наголемо: Торта, песна и здравица за семејниот јубилеј (видео)

Во домот на музичката брачна двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски се славеше наголемо. Собрано целото семејство на куп, а тука беа и најблиските за здравица, песна и честење за голмиот јубилеј откако семејно пред 10 години се преселија на најмалиот континент и една од најголемите земји во светот – Австралија.

Македонија никогаш не ја заборавија, ниту подзаборавија, затоа што редовно знаат да дојдат, не само тие, туку и нивните двајца синови.

-20. Јануари 2015. на денешен ден пред точно 10 годино пристигнавме во Австралија. Ја сменивме адресата на живеење, а ние останавме исти… Животот е убав, напиша Татјана во описот на видеото од домашната прослава.

Иако се илјадници километри далеку од Македонија, горе- голу животот не им е никогаш подалеку од Македонците таму, дијаспората која редовно ја забавуваат и се главни естрадни ѕвезди на нашинците кои едноставно ги обожаваат.

Свадби, крштевки, свршувачки, па и онака да се запее за душа, тогаш се знае кој се бара за забава и добра  музика- Тања и Новица.

А тие… Секогаш расположени, насмени, како на бројните тезги, така и дома каде секогаш имаат отворена врата за сите гости, особено музичарите од Македонија кои дошле на австралиска турнеја.

„Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ песната од колегата Јордан Митев  ја поставија како химна за нивниот австралиски животен јубилеј.

фото: Instagram printscreen/tatjanalazarevska_official

To top