Радио Милева роденден со семејството

Душко Тошиќ го славеше јубилејниот 40-ти роденден: Наследничките не се одвојуваат од него (фото) 

Душко Тошиќ го славеше јубилејниот 40-ти роденден: Наследничките не се одвојуваат од него (фото) 

Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ  вчера наполни 40 години.

По тој повод, на неговиот профил на Инстаграм сподели една фотографија на која покажа дека роденденот го прославил во кругот на семејството односно со ќерките Атина и Ника кои ги  доби во бракот со српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша.

А на друга се сите тројца заедно со останатите членови на семејството.

 

Душко имаше богата и успешна кариера на теренот. Душко Тошиќ е роден на 19 јануари 1986 година во Зрењанин, а фудбалската кариера ја започна во „Пролетер“ од Зрењанин, од каде подоцна го продолжи својот подем низ европските клубови, играјќи во Турција, Кина и многу други земји. Во еден период настапуваше и за клубот „Црвена звезда“, но и за српската репрезентација. Неговиот талент, посветеност и упорност оставија неизбришлива трага во светот на фудбалот.

фото: print Screen/Instagram

To top