Радио Милева младешки дух

Сузана Манчиќ го покажа лицето без шминка: Вака изгледа водителката во седмата деценија од животот (фото) 

Сузана Манчиќ го покажа лицето без шминка: Вака изгледа водителката во седмата деценија од животот (фото) 

Водителката Сузана Манчиќ плени со својот изглед во седмата деценија, а сега покажа како изгледа без трошка шминка на лицето.

Познатата водителка Сузана Манчиќ, која уште од времето на својата кариера како „лото девојка“ ја освои публиката со својата убавина, денес блеска со природен изглед и младешки дух.

Сузана неодамна наполни 68 години, а нејзиниот негуван изглед продолжува да ја фасцинира јавноста.

Сузана отворено зборува за тоа како комбинацијата на квалитетна нега и умерени естетски зафати придонела за нејзиниот младешки изглед. Во интервјуа таа открила дека направила корекција на горните капаци, како и затегнување на вратот и долниот дел од лицето, но сè со цел да го задржи својот природен изглед.

„Никој не сака да оди под нож, но јас тоа го направив на позрели години. Се обидував со различни третмани, но на крајот видов дека резултатите не се исти и лицето не може да го издржи тоа. Ова беше вистинска опција за мене,“ изјави Сузана во неодамнешно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

На последната фотографија која ја објави на социјалните мрежи, Сузана се појави без грам шминка, што предизвика бројни позитивни коментари.

Нејзините следбеници беа воодушевени од нејзината природност и негуваност, истакнувајќи дека изгледа прекрасно и во седмата деценија од животот, а фановите,  ја поддржаа нејзината одлука и ја пофалија за храброста и искреноста.

 

Сузана Манчиќ уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека вистинската убавина доаѓа од самодовербата и правилната грижа за себе.

To top