Вистината е дека секоја жена барем еднаш изглумила оргазам, од различни причини.
Некои тоа го прават за да не го разочараат партнерот, други заради сопственото его, трети затоа што се несигурни во себе…
Но, постојат знаци по кои може да препознаете дека партнерката е разочарана од сексуалниот живот:
- Дишењето е премногу ускладено
Ако ви се чини дека нејзиното лице е вкочането и наместено, а воздишките имаат одреден интервал, можно е да се преправа. Луѓето кои доживуваат оргазам честопати не може да ги контролираат фацијалните експресии и звуци.
- Тивка е по сексот
Веројатно и е непријатно што одглумила и не е најзадоволна, па решава да лежи и да молчи, со надеж дека следен пат ќе биде подобро.
- Кисело се насмевнува
Додека вие сте среќни и се смеете бидејќи сексот беше одличен или барем така ви се чинеше, таа ви се насмевнува кисело и вештачки? Обично луѓето по добриот оргазам имаат блажени и задоволни изрази, па ова е знак дека нешто не е во ред.
- Избегнува контакт со очите
Ова може да се протолкува како чувство на вина бидејќи не била искрена.
- Ѝ треба стимулација пред секс
Не мислиме на предигра, туку на алкохол. Ако партнерката постојано бара некакви дополнителни стимуланси, нешто не е во ред.
- Изгледа неприродно среќно
Ако реакциите се претерано интензивни – повторно станува збор за глума.
- Одеднаш сака сè да правите поинаку
Ова може да биде добар знак доколку се работи за пробување на новитет, но ако одеднаш ги преземе работите во свои раце и сè прави спротивно од вообичаено, време е да разговарате отворено на тема секс и задоволство.
- Непријатно ѝ е кога ќе се спомне темата „оргазам“
Бидејќи логично, никогаш не може да зборува од свое искуство.
Извор: Попара