Кристина Агилера својот 44 роденден го прослави на посебен начин – објавувајќи фотографија на која позира во разголено издание.
Пејачката позираше во кожени шорцови, црн шешир и потпетици, додека со едната рака ги покри голите гради. Под фотографијата напиша: „Роденденски костум #44“ и ги воодушеви обожавателите.
Фотографијата за кратко време привлече внимание, а обожавателите го пофалија нејзиниот изглед.
„Стареење во години, но подмладување во изгледот, тоа е она кое се бара“, „HBD mamacita!“, Среќен роденден, кралице!“, беа само дел од коментарите.
Инаку неодамна се појавија шпекулации дека пејачката користи Оземпик, популарен лек за слабеење, што многумина го коментираа на социјалните мрежи.
Иако таа беше мета на вакви коментари, Кристина неодамна изјави дека сега е доволно зрела за да не ја погодуваат туѓите мислења.
„Сега сум доволно зрела што веќе не ми е грижа што мислат другите за мене. Мислењата на другите за мојот живот не се мој проблем“, изјави пејачката и додаде дека од почетокот на нејзината кариера, од 90-тите години, честопати се соочувала со различни коментари за нејзиното тело и изглед.
фото:Instagram printscreen/ xtina