Радио Милева таму не припаѓа?

Миа Костова им го свари гравот: На татко и баш домаќински, а на организаторите на манифестацијата „Инфлуенсер на годината“ онака… по „шавови ги распука“ (ВИДЕО)

Миа Костова им го свари гравот: На татко и баш домаќински, а на организаторите на манифестацијата „Инфлуенсер на годината“ онака… по „шавови ги распука“ (ВИДЕО)

Миа Костова, ако не највлијателната инфлуенсерка, сигурно е една од највлијателните во Македонија, екс ТВ водителка без намера засега да се враќа на телевизија, особено не во тинајџерски ТВ формати!

Но влијанието што го има и споделува преку социјалните мрежи не е само заради она што го рекламира и прокламира, од производи до услуги во разни дејности, туку и заради личниот став кој го има… Најчесто со кренат гард, подготвена да го возврати ударот, кога ќе и „згазнат на опашка“. Вербално, се разбира, зашто Миа е позната по тоа што „нема влакна на јазикот“, а кога ќе ја р’чнат таму кај што не треба и тоа како знае да биде „отровна“! Во спротивно, како што самата вели, приземна, коректна и секогаш расположена за комуникација.

Така на пример во една објава од последините во продолжениот декемвриски викенд, покажа дека знае да биде и добра домаќинка. Домот среден, а гравот сварен… И тоа онака, чорбест, со суви ребра или сланинчиња, што и да се веќе, како домаќински ручек за татко и, кој нејзиното гравче, како што самата вели го обожава!

Арно ама, Миа Костова не само на татко и, туку и на некој друг „му го свари граот“ , што би рекле жаргонски, кога се коментарите во прашање, за нешто што нејзе не и се допаѓа.

Овој пат во прашање беше неодамна одржаната манифестација „Инфлуенсер на годината“ (Influencer Awards 2024), на која Миа Костова како една од највлијателните во оваа професија на новото време – ја немаше! Зошто и како, е друго прашање… И тоа за организаторите!

Она што неа ја допре, е пrашањето од следбениците зошто ги искритикува „инфлуенсер наградите“, на што русокосата како од пушка одговори, при тоа потенцирајќи дека ова не е хејт, туку таа е само искрена:

Ова како да ја разгоре полемиката и ја отвори темата дали има љубомора, завист, злоба, престиж… меѓу македонските инфлуенсери? Миа и на тоа отворено одговори:

На крај, остана само една недоумица од празничната викенд комуникација на Миа Костова со своiте следбеници на социјалните мрежи… Околу гравот. На татко и сигурно му се допаднал, зашто уште од претходно знае колку е вкусен кога Миа ќе му го свари… Не знаеја организаторите на „Инфлуенсер на годината“, ама сега и тие дознаа.

Остана само дилемата дали и тие со јавна реакција ќе се обидат возвратно „да и го забиберат“ со своја констатација, зошто Миа Костова ја немаше на нивната манифестација?

Фото: Инстаграм/ubavinaizdravje.mk/miandrija

 
To top