Викендов, односно во петок и сабота, на 6 и 7 декември, е закажан музичкиот спектакл наречен Ski Opening by Music Week, кој ја враќа еуфоријата на сребрената планина, нудејќи совршен спој на одмор, спорт, забава и врвно искуство за сите посетители. Традицијата за врвни концерти на најголемите регионални ѕвезди продолжува и овој пат на добро позната локација – Салата за настани на хотел Гранд Копаоник.
За стартот на оваа ски-сезона ќе се погрижат фантастичните Саша Матиќ и Ацо Пејовиќ. Имено, Саша Матиќ ќе биде домаќин на вечерта исполнета со емоции и безвременски хитови на 6 декември (петок), додека следната вечер (сабота, на 7 декември) на истата сцена ќе настапи човекот со магичен глас, неповторливиот Ацо Пејовиќ.
За музичкото задоволство во двата дена тука ќе биде и веќе добро познатиот Мега бенд, создавајќи совршен зимски амбиент за посетителите, додека СКАЈМУЗИК како и секоја година ќе овозможи незаборавна аудио-визуелна атмосфера.
Информациите за резервации и продажба на билети се достапни на Инстаграм–профилот на фестивалот Kopaonik Music Week или на телефон +381 60 66 70 318.