Радио Милева пример и мотивација

Милена Антовска со хуман гест се понуди за помош: „Би сакала да стигнат во рацете на некој што навистина има потреба“ (фото)

Милена Антовска со хуман гест се понуди за помош: „Би сакала да стигнат во рацете на некој што навистина има потреба“ (фото)

ТВ водителката Милена Антовска-Станковска вчеравечер преку една објава успеа да привлече внимание и да собере доста коментари откако се реши да направи едно хумано дело.

Повеќето сигурно многупати се нашле во ситуација да немаат каде да ја складираат облеката што веќе не ја носат, а се уште е употреблива, но се уште стои на закачалки и полици без нејината базична примена и намена.

Токму затоа Милена реши да засука ракави и да спакува се’ она што би можела да го подари онаму каде е најпотребно, па се огласи на социјалните мрежи:

-Друштво сакам да подарам гардероба што веќе не ја носам. Сега за сега имам неколку полни кутии па би сакала да стигнат во рацете на некој кој што навистина има потреба… Има и зимски и летни парчиња, конфекциски број 36 и 38, напиша таа, по што реакциите очекувано ги имаше доста, но но кратко време следеше и нова објава:

-Добив многу пораки, но веќе најдов каде ќе замине оваа гардероба… Штом имам уште ви пишувам пак. Ви благодарам, заврши Милена, ама и најави нова тура.

Поттик, мотивација и пример за и вие да го направите истото.

фото:Instagram printscreen/ milena_antovska

To top