Љубов и секс

Со помош на овие трикови ќе го освоите вашиот маж засекогаш: Четири ставки што мора да ги знаете

Со помош на овие трикови ќе го освоите вашиот маж засекогаш:  Четири ставки што мора да ги знаете

Со овие совети никогаш нема да му станете здодевна!

 

Доколку сакате да се забавувате за време на сексот, послушајте ги советите на Меган Анделукс, едукаторка за секс и љубов која ќе ви помогне засекогаш да го освоите вашиот маж.

 

Доколку и вие во вашата врска сфатите дека емоциите почнале да бледнеат, како и страста, не очајувајте, бидејќи со помош на овие трикови ќе можете да си го вратите сето она што почнало да се губи.

 

Заборавете на здодевниот секс

 

Кога некоја ставка се повторува, станува досадна. Заборавете на креветите и здодевните пози. Не се срамете да предложите и испробате некои понови пози и техники.

 

 

Игнорирајте го 

 

Колку и да звучи ова банално, понекогаш морате да го игнорирате вашиот маж. Тие по природа се ловци и затоа никогаш не треба да им бидете стопроцентно достапни. Одете, патувајте и излегувајте без секогаш да му полагате сметки.

 

Подигнете му го егото

 

Треба да знаете како да работите и да дозирате умерено. Мажите сакаат пофалби, сакаат да бидат силни и убави, па ако не им дадете пофалби, тие ќе одат на место каде што ќе најдат такво задоволство.

 

Бидете ранливи

 

Како што е наведено, мажите сакаат да се чувствуваат посилни од жените и затоа прават сѐ за нас. Однесувајте се како жена и оставете го да се однесува како маж и да направи сѐ за вас. Искористете ја предноста да бидете „понежниот“ пол и уживајте.

To top