Радио Милева редовна проблематика

Саша Mатиќ жртва на измама: Музичарот размислува за тужба, а замешан е и неговиот брат Дејан

Саша Mатиќ жртва на измама: Музичарот размислува за тужба, а замешан е и неговиот брат Дејан

Една компанија која се занимава со продажба на производи за слабеење се пофали со соработката со Дејан Матиќ. Тие на своите потенцијални клиенти ја покажаа ефективноста на производот со фотографии на кои Дејан е наводно послаб. Се’ ќе беше во ред доколку луѓето не забележаа дека ослабениот не е Дејан туку неговиот брат Саша Матиќ.

Најжестоките обожаватели на пејачот веднаш забележале дека се работи за измама, а за тоа проговори и пејачката.

-Никогаш не сум соработувал со таа компанија и не е првпат да се користат моето име и лик. Со мојот тим ќе одлучам дали ќе ги тужам – изјави Саша Матиќ.

Многу јавни личности често се мета на измама и без нивно знаење нивниот имиџ се користи во промоција и маркетинг на некои производи. Инаку, слични непријатности им се случија и на неговите колешки како Драгана Мирковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ и сите јавно проговорија за тоа, а истото се случува и кај нас во Македонија.

фото:Instagtram printscreen/sasamatic_official

To top