Стоја иако е во шестата деценија, на своите настапи редовно носи мини здолништа, а на својот Инстаграм сподели неколку кадри во такви комбинации.
Откако се ослободи од вишокот килограми, Стојанка Новаковиќ Стоја „грми“ како изгледа.
Таа често била на разни диети, а судејќи по нејзините најнови видеа, пејачката се чувствува подобро во своето тело од било кога.
Стоја иако е во шестата деценија, на своите настапи редовно носи мини здолништа, а на својот Инстаграм сподели неколку кадри во такви комбинации.
Фолкерка позираше во црвено – ултра кратко здолниште и мајца со гол стомак, а над неа имаше кожна јакна.
Имаше неколку настапи по ред, а на секој реши да ги покаже резултатите од својот изглед, па на сите беше во мини.
Инаку, Стоја еднаш откри како успеала да ослабе.
– Секогаш нешто вадев (се смее). Имав многу тежок период во тие години. Преку глава ми беа коментарите: „Ех, види Стоја е дебела, има целулит. Да, има одлична енергија, но треба малку да ослабне“. Јас се заинатив како секоја жена која сака да изгледа како риба. Тренирав два пати на ден. Јадев пола виршла цел ден, не знам од каде имав енергија да не се онесвестам. Пиев цедени портокали, тоа ме одржуваше. Пливање, масажи – откри Стоја во емисијата „Ѕвездите на Гранда Специјал“ и додаде:
– Шест месеци бев посветена само на себе. Не ослабев многу, но се намалив во големина. Немав мускули, имав вени. Ми беше многу тешко.
фото: printscreen/instgaram/stoja_institucija