Радио Милева селфи

Уна со длабоко деколте застана пред огледало: Ќерката на Чола покажа прекрасна фигура и парче од 3.000 евра (фото)

Уна со длабоко деколте застана пред огледало: Ќерката на Чола покажа прекрасна фигура и парче од 3.000 евра (фото)

Ќерката на пејачот Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, е личност која исклучително добро знае како да го привлече вниманието на јавноста – особено на социјалните мрежи.

Таа речиси буквално крена прашина и хаос на социјалните мрежи откако објави фотографија на која во преден план го истакнува своето бујно деколте.

Но, вниманието не го привлече само провокативниот стајлинг на Чолиќ, туку и она што го држеше во раце.

Имено, Уна се подготвила за излегување и, како што вообичаено им се случува на жените, особено на помладата популација, направила селфи во огледало.

Овој пат, наследничката на пејачот одлучи да се стилизира во црно, таа облече кошула со длабоко деколте, шорцеви и сако со длабоки црни чизми.

Меѓутоа, она што ги привлече сите погледи е чантата „Гучи“ која вообичаено чини дури 3.000 евра. Моделот кој младата наследничка на Чолиќ го понесе со себе , е вистински моден хит во светот, а е посветен на Џеки Кенеди, поранешната американска прва дама.

фото: printscreen/instgaram/unacolic

To top