Радио Милева Тања како Тито

Тања Савиќ гради куќа на планина: „Естрадата ќе те натера на тоа, ти ја цица цела крв!“ (фото)

Тања Савиќ гради куќа на планина: „Естрадата ќе те натера на тоа, ти ја цица цела крв!“ (фото)

Тања Савиќ откри дека гради куќа во која ќе живее со децата и нејзиното момче Муки, но и дека заедно со плацот купила и 25 ари шума.

Пејачката се подготвува за концерт во Арена, за кој вели дека е круна на нејзината дваесетгодишна кариера.

– Пеев од мала, се натпреварував, ја имав поддршката од моите родители. На осум години бев на натпревар во селото до моето село каде што настапив за првпат, но бев елиминиранa од натпреварот бидејќи бев најмладиот учесник. Но добив награда и благодарница кои ги чувам и денес – изјавила Тања Савиќ за Гранд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Тања освен на подготовките за концертот е фокусирана и на изградба на нов дом. Има голема желба повторно да има куќа и двор, како кога живееше со родителите.

– Како што растев со моите родители, се навикнав да имам куќа и двор, а откако сум во естрадата, буквално морав сам да се снајдам. Секогаш беа кирии, станови. Имаме проект за куќа што го стеснивме, беше преголем. Сега тоа ќе биде нормална квадратура за моите услови и за гардеробата, бидејќи немам каде да ставам работи – изјави Савиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Пејачката откри дека заедно со плацот купила и шума, а нејзината оаза на мирот во која ќе ужива со семејството кога ќе завршат работите е во Смедерево.

– Имам 25 ари шума каква што имаше Тито. Покрај Тито, јас сум единствениот пејач кој има шума, да не звучам скромно. Ќе ми биде оаза. Естрада те тера да го направиш тоа, ти ја цица целата крв за после да сакаш да живееш во шума – заклучила Тања.

фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private

To top