И по испраќањето на вечното почивалиште на страдниот новинар и ТВ водител Зоки Фаци, препукувањата на релација: неговите стари и новостекнати пријатели версус некогашните негови пријател(к)и не престанаа! И тоа јавно, преку социјалните мрежи.
Оние првите, како Боки 13-ка и Стефан Лазаров без скрупули со пишан збор и изустени зборови преку текстуални и видео пораки директно ја прозваа Лила Филиповска за в лице да и кажат што мислат за неа, алудирајќи на нејзината наводна дволичност и лицемерие кога е последниот поздрав со покојниот Фаци во прашање. Прилично остро, жестоко и недвосмислено ја навредија и омаловажија, но дали и повредија?
Лила на нивните обвинувања и навреди не одговори. Не барем јавно, освен со една споделена општа мисла на денот на својот Инстаграм, по теркот: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“ сакаше да ги потсети и нив и јавноста дека „стапот сепак има два краја“… Дека секоја приказна има и своја верзија, секоја случка има и втора страна.
Не поминаа неколку дена Лила повторно споделила една навидум општа фраза со прашање и одговор, кој колку и да важи за многу различни ситуации, секако се вклопува и во она што деновиве и се случува… Во сите оние обвинувања и навреди со вперен прст во неа со цел длабоко да ја повреди? Но, дали?
„Кога некој се обидува да те повреди… Но ти знаеш кој(а) си!“ – сдподелила Лила топ дотерана во видеото од подготовките за снимање на уште една епизода од своето ТВ гејм шоу „Се или нешто“.
Водителката со една споделена мисла сакаше да покаже всушност колку е спокојна по сите навреди и озборувања? Или пак, колку и да се обидува да прикрие дека не ја допира, сепак несакајќи откри дека не и е сеедно? Дали е во прашање „нечиста крв“ или мирна совест?
Одговорот го имаат само таа и оние кои ја обвинуваат, што конечно не ни толку важно што било некогаш, зашто оној заради кого се мери моралот и крева прашина, за жал, повеќе го нема… засекогаш! „После смрт – нова болест“, нема логика, а и никому не му е ни потребна, ниту е од корист!
Конечно, ниту едно пријателство не мора да е вечно, а изразената последна почит не мора да значи и нечие лицемерие. Од друга страна, ако веќе имаш мирна совест и знаеш кој(а) си, чуму јавно правдање и објаснување некому?!
Фото: Инстаграм/lilafilipovska