Познатата водителка Сања Маринковиќ проговори за семејните тајни . Таа пред неколку години се разведе од продуцентот Александар Ухрин со кој беше во брак 10 години, а водителката дури сега призна дека нивната врска се променила многу пред тоа.
Иако сакала нивниот брак да трае вечно, Сања сепак одлучила дека разводот е единствениот излез.
Маринковиќ и Ухрин на интимна церемонија, во присуство на кумовите рекоа „Да“. Иако младенците следеле некои фенг-шуи правила, па решиле да ја легализираат врската на 11.11.2011 година, во 11 часот наутро, тоа не им обезбедило долговечност.
– Кога почнавме да излегуваме, му реков: Те молам, ако некогаш решиме да раскинеме, нека биде пред да почнеме да се мразиме. Тоа го испочитувавме – изјави во една прилика водителката.
Разводот на Сања Маринковиќ официјално беше објавен во 2021 година. Долго размислувала за таа одлука, а семејството и дало целосна поддршка. Покрај тоа, родителите и братот верувале дека бракот требало да заврши порано.
– Да се прашуваше татко ми и брат ми, јас требаше да се разведам порано. Ме убедуваа да го сторам тоа бидејќи пред мене видоа дека веќе немам сјај во очите. Мојата личност се промени. Таа харизма веќе ја немаше, се беше поинаку – откри Сања при гостувањето во емисијата на Гоца Тржан на К1. Како што изјавила, најблиските ја предупредиле повеќе да се грижи за себе.
Фото: printskrin/instgaram/sanjamarinkovicofficial