Раперот Стефан Ѓуриќ Раста целосно ја шокираше јавноста со својата трансформација.
Имено, како што можеме да видиме на фотографиите, Раста доста ослабел.
Бидејќи многумина на почетокот не веруваа во ова, дури се зборуваше дека раперот е тешко болен, но тоа нема никаква врска со вистината.
– Раста со месеци е на добра детоксикација и диета, со чија помош успеа да ослаби преку 20 килограми. Подготвува сè за себе, сака да експериментира, па тоа го забавува, а притоа има добри резултати – изјавил изворот за Свет, а се јасно се гледа на последната фотографија што ја објави на својот Инстаграм профил.
Раста и Марија се познати по тоа што вешто го кријат секој детаљ од својот љубовен живот од очите на јавноста, раперот сепак реши со своите следбеници да сподели убави моменти од Барселона каде моментално ужива со својата девојка.
Овој вљубен пар ужива да шета и да посетува различни ресторани од кои објавија фотографии од храната и пијалоците што ги пробаа за време на престојот.
фото: Instagram printscreen/stefanrasta