Радио Милева важен повод

Огњен Амиџиќ ја прекина емисијата во живо и ги изненади гостите во студио (фото)

Огњен Амиџиќ ја прекина емисијата во живо и ги изненади гостите во студио (фото)

Водителот синоќа ненадејно ја прекина емисијата „Амиџи шоу“ и и се обрати на сопругата Минa.

Огњен Амиџиќ синоќа во емисијата  ги угости Индира Арадиновиќ Инди, Шејла Зониќ, Марина Вишковиќ, Мирза Селимовиќ, Ненад Јовановиќ Близанц и Славица Ќуктераш, а кога часовниот покажал полноќ, им  се обратил на гостите и кажал дека мора да го прекине шоуто.

– Ќе ве замолам за секунда внимание. На жена ми и е роденден и сакам да и честитам со песна – рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.

– Мирза ќе ја пее, песната се вика „Мина“ – додаде водителот, а Селимовиќ се фати за микрофонот.

Сите присутни очигледно уживаа во музиката, а потоа Амиџиќ го продолжи шоуто.
– Ти благодарам, навистина го „уби“ какло  отпеа – заврши Огњен низ смеа.

Да потсетиме, Мина и Огњен пред неколку месеци добија син на кој му го дадоа името Перун, а гордата мајка често ги споделува нивните семејни моменти на социјалните мрежи и  истакнува дека малиот Перун е истиот тато Огњен.

фото:Printscreen/ Pink TV

To top