Милица Тодоровиќ вчера го прослави својот 34 роденден во еден белградски ресторан со најблиските пријатели и семејството.
Милица на социјалната мрежа Инстаграм сподели како изгледала нејзината роденденска прослава, а јасно е дека била најсреќната личност во кафеаната.
Покрај неа, биле и родителите на пејачката, менаџерот, како и пејачката Марина Вишковиќ.
На полноќ пристигна тортата, а цел ресторан за Милица ја испеа песната „Теби за роџендан“.
Да потсетиме, семејството Тодоровиќ пред само десет дена имаше уште една прослава, а се работеше за пензионирањето на нејзиниот татко Милан.
Пејачката го снимила и својот татко, кој исто така бил весел и расположен, а музичарите ги украсил со банкноти.
фото: printscreen/instagram/milicatodorovicofficial