Радио Милева таа се враќа

Мајката на Теа Таировиќ поради здравствен проблем десет години паузираше со работа, но сега е подготвена да се врати (видео)

Мајката на Теа Таировиќ поради здравствен проблем десет години паузираше со работа, но сега е подготвена да се врати (видео)

Мајката на Теа Таировиќ, Божица Малевиќ е најголемиот поддржувач и потпора во нејзината кариера, а како што пејачката неколкупати истакнала, нејзините совети вредат злато.

А кој би ја советувал подобро од нејзината мајка која со години е во медиумскиот свет и работеше како водителка.

За својата професија, паузата и враќањето на малите екрани, Божица проговори во емисијата „Причаоница“ на Сања Ќулибрк.

– Еднаш новинар, секогаш новинар, тоа е жива вистина! Сега ќе ја искористам можноста да ви откријам. Оваа година му се враќам на новинарството (се смее), во форма на емисија на дигитални платформи, но подоцна. Секако, точно е тоа што го велат, еднаш новинар, секогаш новинар. Сцената и овие светла некако не засенуваат до крајот на животот – открила мајката на Теа.

Со оглед на тоа дека направи пауза од десет години, Божица откри дали и недостигала работата.

– Отпрвин не беше, бидејќи се одмарав. Таа работа почнав да ја работам од некоја внатрешна потреба и ужасно ја сакав. Инаку, јас сум професор по англиски јазик, но додека работев на телевизија завршив медиумски менаџмент, кој е близок до новинарството. Постојано учев и учев – рече Божица, а потоа додаде:

– Работев на две телевизии и во две земји, се изморив и се случија некои неочекувани работи во текот на мојата работа. Навистина добив здравствен проблем кој многу ме забави во сето тоа, ми стана многу тешко да ги подготвувам емисиите.

Како што вели таа, иако работата со луѓе често изгледа како бајка, постои и другата страна на паричката.

– Луѓето ја гледаат емисијата еднаш неделно и мислат дека за тоа работиме само еден ден, но тоа не е така. Мојата емисија траеше два часа и се емитуваше во живо, со многу гости, придонеси и извештаи од терен, а сето тоа јас го направив. Бев новинар и водител. Искрено, сега веќе ми недостига сето тоа – објасни Божица која меѓудругото доста зборуваше и за кариерата на ќерка си.

 

фото: Facebook/ Bozica Boba Malevic/ PRINC Planet TV

To top