Пејачката Милица Тодоровиќ никогаш не криела кога не и се допаѓаат некои работи или нечии постапки, а сега јавно сподели нешто што навистина и пречи.
Позната е како голем љубител на кучиња и борец за правата на животните, а не е познато што точно ја поттикнало пејачката да објави многу остра критика за оние кои не се грижат за своите миленици.
– На луѓето кои земаат куче, па го фрлаат на улица кога ќе сфатат за каква обврска, им посакувам вечна загноена ангина, алопеција, кршливи коски, неисправен мерач, влажност во куќата, неверни партнери, мобинг на работа, сало на стомакот, истенчени дискови, дожд на одмор, високи сметки и мала плата – пишуваше во објавата која Милица ја сподели на својот Инстаграм профил.
Инаку, Милица неодамна покажа како ужива на плажа, а фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил предизвика голема врева.
Милица позираше во бикини, а веруваме дека многу луѓе на плажата се свртеа да ја погледнат.
Иако тврди дека нема ништо против естетската хирургија, Милица Тодоровиќ еднаш истакна дека гордо носи мали гради.
View this post on Instagram
– Не кукам што имам мали гради, ги сакам такви какви што се! Нема потреба да ставам силикони. Самото размислување дали треба да ги исечам градите на местото каде што се жлездите и каде што треба да дојам, ми се врти стомакот. Немам сили за тоа – рече Милица и додаде:
– Не сум против силиконот во градите. Ако жената навистина треба да ги зголеми градите и не е задоволна со својот изглед, тогаш треба да го направи тоа. Ми велат: „Ајде Милице, ние ќе ти платиме за еден силикон, а ти за друг. Еден клавијатурист што работи со мене еднаш ми рече: „Леле, ајде Милице , стави нешто ситно во тие гради за да личи на нешто.“ Се смеам на тоа, изјави таа.
фото:Instagram printscreen/ milicatodorovicofficial